За околу 60 илјади домаќинства парното од утре поскапува за 4,5 проценти. По три месеци одлагање, Регулаторна комисија донесе одлука за новата цена на греењето. Со ова сметките од 1.800 денари ќе пораснат за 80 денари. За граѓаните кои пак се приклучени на Скопје Север и оние кои го користат таканареченото железарско парно, греењето минимално ќе поевтини. Од РКЕ тврдат дека не прифатиле голем дел од барањата на компаниите.
ЦЕНАТА СЕ ЗГОЛМУВА ПОРАДИ ТОА ШТО ИМА ВИСОКИ ТРОШОЦИ ЗА ГАС ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА И ЗАТОА ШТО ВРАЌАМЕ ДЕЛ ОД ПОЗАЈМИЦИТЕ КОИ ГИ ДАЛА ВЛАДАТА И ТОА ВРАЌАЊЕ ЌЕ БИДЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР, ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ИЛИ ТРИ ГОДИНИ ЌЕ ВИДИМЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПРАВИ ЦЕНОВЕН ШОК, ВЕЛИ МАРКО БИСЛИМОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РКЕ
Билсимовски вели дека барањата на компаниите биле крајната цена да се зголеми за околу 50 проценти. Повисоки трошоци имаат, но регуалаторите од нив не прифатила околу 5 милиони евра. За разлика од поранешен БЕГ, ЕСМ сега менаџира со парното, со плус 150 работници. Бислимовски вели, во утврдувањето на новата цена не се вкалкулирани вработувањата. Побара од компаниите да бидат поефиканси во работењето.
ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ВО ОДЛУКАТА НЕ СЕ ЗЕМЕНИ ВО ПРЕДВИД. ЕСМ РАБОТИ НЕКАДЕ СО 470 480 ЛУЃЕ, А БЕГ РАБОТЕШЕ СО 315 ВРАБОТЕНИ , НО ТОА НЕМА ДА ОДИ НА ТОВАР НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, ДОДАВА БИСЛИМОВСКИ.
Ако не се користи топлината од ТЕ-ТО тогаш поскапувањерто би било 60 отсто, вели Бислимовски. Токму поради тоа се чекаше да почне поставувањето на новиот топловод под Беласица. Првиот регуалтор се надева дерка државата ќе ги преземе сите мерки околу новиот данок кој го воведе Бугарија за рускиот гас. Поради оваа давачка нова корекција на цената на греењето во текот на сезоната нема да има.
Најмногу потрошувачи се приклучени на ЕСМ или поранешно БЕГ, а најмалку на топланата Скопје Север.