PayPal Holdings, Inc. во понеделникот објави дека ја заврши аквизицијата на корпорацијата „Honey Science“ од околу 4 милијарди американски долари во готово.

Оваа трансакција ќе го трансформира искуството за купување за корисниците на PayPal, истовремено зголемувајќи ја продажбата и ангажманот на клиентите за трговците.

– Воодушевени сме да ја завршиме оваа трансформативна трансакција и да го поздравиме тимот на „Honey“ во семејството PayPal, рече Ден Шулман, претседател и извршен директор на „PayPal“.

Додавањето на Honey Science Corporation на нашата платформа прави значителен чекор напред во нашата заложба за обезбедување моќни услуги и алатки на трговците и потрошувачите, надминувајќи ја нашата основна понуда за купување и значително подобрување на искуството за купување за нашите 300 милиони потрошувачи и трговци.

Ко-основачите на Honey Science Corporation, Џорџ Руан и Рајан Хадсон, ќе продолжат да го водат тимот на Honey, како дел од глобалната организација на PayPal за производи за широка потрошувачка и технологија, а ќе му рапортираат на постариот потпретседател Џон Кунзе.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк