PayPal стана првата странска компанија која доби лиценца за плаќање преку Интернет во Кина, откако купи 70% од акциите на Guofubao Information Technology Co (GoPay).

Во краткото соопштение, извршниот директор на PayPal, Дан Шулман, рече дека кинеската Национална банка го одобри купувањето на GoPay и договорот треба да биде завршен до крајот на годината.

GoPay има лиценца за плаќање, што значи PayPal е првата странска компанија која влезе во кинескиот пазар две години откако Пекинг вети дека ќе се отвори.

На брендовите како Виза и Мастеркард не им биле одобрени апликациите за лиценца, и покрај ветувањето на централната банка минатата година дека домашните и странските даватели на услуги „би добиле еднаков третман“.

PayPal ќе може да понуди преку Интернет, мобилно и прекугранично плаќање ренимиби, преземајќи ги пазарните гиганти како што се WeChat Pay и Alipay.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк