PayPal е американска компанија која се занимава со финансиски трансакции преку интернет. Со договор вреден 2,2, милијарди долари, PayPal ја купи шведската компанија “iZettle„. Подружницата на „eBay“ компанијата за „iZettle“ ќе префрли 2,2 милијарди долари, а тоа ќе биде најголемата трансакција во историјата на деловните компании.

Со купувањето на оваа компанија, PayPal ќе го прошири своето тргување во Бразил, Финска, Франција, Германија, Италија, Мексико, Холандија, Норвешка, Шпанија и Шведска.

Ова спојување, извршниот директор на PayPal, Дан Шуман,го опишува како „добра стратешка комбинација“, која ги обединува заедничките вредности, културата и комплементарната понуда на производи.

 

Пред една година, во Македонија беше воведена приватна иницијатива, за воведување на PayPal. Но барањето е сеуште заглавено во институциите. По повод една година од поднесување на барањето, еден од одговорните луѓе за иницијативата, Венко Глигоров, напиша:

“Откако преку 1000 различни организации и поединци заеднички доставивме барање до Министерството за Финансии и до PayPal, постапката за воведување на пејпал во Македонија започна. Една година после тоа, се’ уште немаме PayPal за продажни места во Македонија.Најзначајно е тоа што од оваа година во разработка и финиширање се нови законски прописи за унапредување на платниот систем во Македонија – сегмент кој е неопходен за да се создадат услови за воведување на пејпал сервисот. Новата планирана регулатива содржи прописи кои задоволуваат повеќе директиви од ЕУ и современтите платни системи. Со новите законски прописи кои би требало да се достават до Собранието во септември оваа година, ќе се привлече вниманието не само на PayPal туку и на сите други светски платежни сервиси како Скрил на пример. Платниот систем ќе може да вклучи и организации кои не се финансиски во своето основно делување.”