Откако на удар на јавноста се најдоа големите маркети, пазарџиите и малите трговци се надеваат дека ќе излезат ќар од целата ситуација и оти ќе успеат да привлечат и задржат дел од потрошувачите. Но, не се сигурни дека ќе успеат. Угостителите, пак, велат дека нема вистина оти и тие си играле со цените…

Производителите и препродавачите не се сигурни дали в петок ќе им дојдат граѓаните на пазар. Ако дојдат, уверуваат дека нема да скокнат цените поради поголема побарувачка.

За граѓаните, и пазарџиите се како трговците во маркетите. И ним не им веруваат.

Освен бојкот на маркетите в петок, на социјалните мрежи е повикот и да не се оди на кафе во кафулињата и рестораните.

Последниот јануарски ден на граѓаните ќе им разјасни – дали и на пазарите се користи моментот да се заработи.