ДУБАИ (Ројтерс) – Нафтениот пазар е балансиран во однос на понудата и побарувачката, рече министерот за енергија на Катар, Мохамед ал-Сада, во неделата.
“Геополитичките промени” се причина за неодамнешниот пораст на цената на суровата нафта, ја цитираше изјавата државната новинска агенција на Катар.
“Има напредок на пазарот на нафта, вклучувајќи ја и понудата и зголемувањето на глобалната побарувачка, а овие размислувања ќе бидат земени во предвид на следниот состанок на ОПЕК (Организација на земјите за извоз на нафта)”, рече тој.
Цените на нафтата се зголемуваат, бидејќи САД наметнаа санкции против извозот на сурова нафта на Иран и треба да започнат следниот месец. Нафтата од типот Брент се тргува со скоро 85 долари за барел, во споредба со 65 долари на почетокот на годината.