Пазарот на недвижности е „клучен извор на ранливост“ за банките во еврозоната, бидејќи порастот на далечинското работење за време на пандемијата ја зголеми побарувачката за канцелариски простор и презадолжените домаќинства не сакаат да купуваат скапи станови, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).
Централните банкари го вклучија алармот поради „бумот“ на пазарот на недвижности во еврозоната, за што придонесоа 10-годишните ултра ниски каматни стапки и благите регулативи.
Во последното предупредување, супервизорите на ЕЦБ наведуваат дека комерцијалните и станбените недвижности станале причина за загриженост и дека планираат подетално да ја разгледаат изложеноста на банките на овие ризици, пренесува Ројтерс.
„Управата за банкарска супервизија на ЕЦБ ја идентификуваше изложеноста на банките кон секторот на комерцијални и станбени недвижности како клучен извор на ранливост“, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Тој додава дека секторот на комерцијални недвижности (CRE) е ранлив на влијанието на пандемијата и дека среднорочните ризици од корекција на цените продолжуваат да растат во секторот на станбени недвижности (RRE), со знаци на потенцијално прескапување и пораст на задолженоста.
Изложеноста на банките на ризик од комерцијални недвижности сочинува околу 8,0 отсто од вкупните банкарски заеми и над 20 отсто од нивните корпоративни заеми, соопшти ЕЦБ.