Пазарот за изнајмување на недвижности во Турција, особено во Истанбул, се соочува со исклучително голема побарувачка, па поради тоа проблем со наоѓање недвижен имот има и гувернерката на Централната банка на Турција, Хафизе Гаје Еркан.
И покрај нејзината истакната позиција, 44-годишната гувернерка рече дека не може да најде соодветен стан во Истанбул.
„Не најдовме сместување во Истанбул. Страшно е скапо. Останавме кај моите родители“, вели Еркан.
Турција долго време се бори со висока инфлација. Во ноември стапката на инфлација беше 62 отсто, а во исто време кириите во Истанбул пораснаа за 77,1 отсто.
Турската влада претходно донесе одлука да го ограничи зголемувањето на цената на киријата на 25 отсто.
„Тоа дополнително ја влоши ситуацијата. Сега станоиздавачите се обидуваат да се ослободат од станарите со сите можни средства за повторно да ги изнајмат имотите по повеќекратно повисоки цени“, пишува германски Tagesschau.
За борба против инфлацијата, Централната банка на Турција ја зголеми основната каматна стапка за 8,5 базични поени.