Славе Стефановски, земјоделец од пелагониското село Егри, по неколкугодишна пауза, оваа пролет повторно на неговите ниви посеа сончоглед. Тој вели дека има интерес кај производителите за оваа стратешка култура, поради високата цена на светските берзи, но и субвенциите кои ги најави владата.

ИМА ИНТЕРЕС КАЈ ЗЕМЈОДЕЛЕЦИТЕ, ОВАА ГОДИНА ЌЕ САДИМЕ ПОГОЛЕМИ ПОВРШИНИ. ИМА НАЈАВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ НА СОНЧОГЛЕДОТ, ТАКА ШТО ЌЕ СЕ ИСПЛАТИ. ЗАТОА ШТО ИМАМЕ ГОЛЕМИ СУШИ, НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАВОДНУВА СОНЧОГЛЕДОТ. ТАКА ШТО СО СУБВЕНЦИИ И ПОВИСОКА ЦЕНА ЌЕ СE ИСПЛАТИ, А МИСЛАМ ДЕКА ДОГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА СЕИДБА, ВЕЛИ СТЕФАНОВСКИ.

Според пролетниот сеидбен план во битолскиот дел на Пелагонија, годинава под сончоглед ќе има околу 7.000 илјади хектари. Земјоделците ќе добијат од државата околу 100 евра по хектар субвенции. Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека за 20 проценти се зголемени површините оваа пролет, а државната помош треба да ги стимулира земјоделците сончогледот повторно да се врати на нивите.

СО ТЕК НА ВРЕМЕ И СО ОВИЕ СУБВЕНЦИИ УБЕДЕН СУМ ДЕКА СОНЧОГЛЕДОТ ЌЕ ДОЈДЕ НА ОНА МЕСТО НА КОЕ БЕШЕ ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ, А ПЕЛАГОНИЈА Е НАЈПОГОДНА ПОВРШИНА ЗА ПОСЕВИ ПОД СОНЧОГЛЕД, ВЕЛИ ПЕТРЕ СТОЈКОВСКИ ОД АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ.

Државата го стимулира производството на сончоглед откако производителите на масло за јадење се соочија со недостиг на суровини, што посебно е изразено по војната меѓу Русија и Украина, кои се најголеми извозници на масло на светскиот пазар. Сега земјоделците имаат уверување дека ќе им биде откупен целиот род.

ОТКУПУВАЧИТЕ КАЖАА ДЕКА КОЛКУ ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДЕ СОНЧОГЛЕД ТОЛКУ ЌЕ ОТКУПАТ. ТАКА ШТО ПЛАСМАНОТ НА СОНЧОГЛЕДОТ НИ Е ГАРАНТИРАН, А И ИСПЛАТАТА НИ Е ГАРАНТИРАНА, ВЕЛИ СТОЈКОВСКИ.

Во изминатите неколку години сончогледот во Македонија е застапен со производство од околу 6000 тони годишно, што е доволно за околу 10 проценти од потребите, за разлика од пред дваесетина години, кога според Државна статистика на македонските ниви се произведуваше по 22 тони сончоглед.

Емилија Мисирлиевска