Во Македонија има над 330.000 пензионери

Декемвриските пензии ќе бидат исплатени на првиот работен ден од новата година, 2 јануари 2025 (четврток), според редовниот термин.

Сепак, некои банки одлучија да ги исплатат пензиите предвреме. Пензионерите кои имаат сметки во Комерцијална банка ќе можат да ги подигнат своите пензии веќе утре, на 30 декември 2024.