„Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември“, рече Мицкоски
Првото линеарно зголемување на пензиите премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе биде со септемвриската пензија, кога ќе бидат покачени за 2 500 денари. Второто линеарно зголемување ќе биде во март со нови 2 500 денари.
Мицкоски вели дека во моментов во Буџетот нема пари за покачување на пензиите, но со ребалансот на буџетот на кој, како што рече работат со министерката за финансии, а кој треба да биде во средината на јули, ќе се обезбедат пари за линеарно покачување на пензиите.
Првото зголемување на пензиите, како што вели Мицкоски, ќе биде со нивелирањето во септември, а второто со тоа во март.
„Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Најверојатно ќе имаме две линеарни зголемувања, ова ќе добие потврда во текот на утрешниот ден или денот потоа. Ќе имаме две, едно со нивелирањето сега во септември, линеарно зголемување сега во септември 2 500 денари и другото ќе биде во март уште 2 500 денари“,
рече Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по денешното ставање на камен-темелник на училиште во скопската населба Драчево.
Според Мицкоски, средства најпрво ќе треба да се обезбедат со ребалансот и тоа 2,5 милијарди денари што е околу 40 милиони евра за тековни пензии.