Новиот пакет антикризни мерки не е за предизборни цели, туку реална помош во време на криза, вели министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, по низата реакции во јавноста.
Мерките стартуваат утре, пензионерите и примателите на социјална помош за кои министерството за труд и социјална политика има податоци првата финанасика помош ќе ја добијат во втората половина од месец декември. Според најавите од надлежните за дел од граѓани опфатени со мерките, исплати се планирани во месец јануари. Доколку некој смета дека е извоставен, Тренчевска вели ќе може да поднесе приговор или жалба.
„Ова не е пакет на мерки, финанасиска поддршка на граѓаните пред изборите, туку е наменета во периодот кога имаме зголемени трошоци на енергенси, кога се уште ги чувствуваме последиците од енергетската и ценовната криза, така да е наменета за поддршка за граѓаните…“ -изјави Јована Тренчевска – министерка за труд и социјлана политика.
Целиот пакет антикринзни мерки тежи 662 милиони евра, пари кој според Владата се предвидени во буџетите за 2023/2024 година. 156 милиони се наменети за над 440 илјади граѓани од ранливи категории, а од овие средства 16,3 милиони евра во пакетот е предвидена и за учениците и студентите до крајот на учебната, односно академската година, но ниту Тренчевска, ниту МОН, немаат информации за начинот на кој ќе може тие да се аплицира, но и кога ќе ја добијат првата финансиска помош.
„За начинот на кој учениците и студентите ќе можат да аплицираат, за критериумите, условите и роковите за искористување на овие мерки, Владата и Министерството за образование и наука ќе објават подетални информации во следните неколку денови. “ МОН.
Владата одвои трошки за граѓаните – обвинува опозициската ВМРО – ДПМНЕ ВО однос на мерките од 9тиот антикризен пакет
„Ова краткорочната помош на владата на СДС за пензионерите, студентите и средношколците нема споредба со покачувањето на функционерските плати, со оглед дека 78 проценти покачување на функционерските плати, се многу повеќе од 1.500 денари кои владата и Ковачевски ќе им ги даваат на пензионерите и студентите. “–изјави Марија Митева – ВМРО ДПМНЕ.
Пензионерите, кои со месеци протестираат и бараат линеарно покачување на пензиите од 5 000 денари, велат помошта од Владата е добредојдена, но не доволна, потребно е долгорочно решение.