Пензионерите со пензии под 15.000 денари, голем дел од пасивните баратели на работа и невработените,  самохраните родители, се следната таргетирана група на граѓани кои ќе добијат платежни картички .Во мометов се прават проценки ,  стечајните работници кои добиваат надоместок од 8.000 денари, да добијат  уште еден вид на помош, изјави премиерот Заев, и дополни дека со четвртиот сет на мерки ќе бидат опфатени најсиромашните , за да се зголеми нивната потрошувачка моќ, но и на компаниите за да даваат плати.  Помошта за платите во најпогодените сектори, ќе продолжи и во следниот период.

Колку ќе тежи и што ќе содржи четвртиот пакет анти-кризни мерки , ќе се знае кон крајот на следната недела , најави денеска вицепремиерот Битиќи, додавајќи  дека ова ќе биде значително поголем пакет , а тежината ќе зависи од ребалансот на Буџетот.

Според него, четвртиот пакет – мерки нема да се разликува многу од претходните, и  ќе опфати и категории кои претходно не биле дел од антикризните мерки

 

„Не може да има големи отстапки од претходните, бидејќи ја следат структурата на БДП. Четвртиот пакет мерки ќе се структуира во таа низа мерки и ќе оди малку подалеку да се помогне и во секторите каде претходно не сме дале помош, како образовните процеси, згрижување на децата во предучилишна возраст и други мерки што значат стимулација. Тие можеби компаниите не ги гледаат како директна стимулација, но ќе ги ослободиме од некој финаниски товар“

Вицепремиерот за економски прашања  ,информираше дека  целиот финансиски пакет за борба против коронавирусот изнесувал  550 милиони евра , а досега до граѓаните и стопанството се слеани околу 240 милиони евра.

Донесени законски решенија, изјави Битиќи, сепак ќе биде потребно да поминат и низ собраниската процедура, бидејќи во моментот во земјата  нема вонредна состоја.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека власта нема економски план ,оттаму бараат  ,  Фатмир Битиќи наместо да држи празни прес-конференции да каже што СДСМ направи за да ја спречи катаклизмата во стопанството .