Полскиот министер за земјоделство Роберт Телјус изјави дека земјите што граничат со Украина бараат од Европската комисија да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европската унија најмалку до крајот на годината.
„На нашата средба потпишавме заеднички договор меѓу петте земји во однос на, пред сè, продолжување на забраната за увоз на четири видови жито. Ограничувањата што Европската комисија ги воведе на овие четири видови жито донесоа неочекувано позитивен ефект“, изјави Телјус по состанокот на министрите на петте земји во Варшава.
Словачкиот министер за земјоделство Јозеф Биреш рече дека солидарноста со Украина е важна, но националниот пазар мора да се заштити.
Европската Унија неодамна им дозволи на тие пет земји да го забранат увозот на жито од Украина, додека дозволи увоз на жито од Украина во други земји.
Забраната истекува на 15 септември.