Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%.
Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина. Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%. Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.