Фондот за пензиско и инвалидско осигурување започнува со продажба на удели во приватни компании во априловаа година. Државниот пензиски фонд се ослободува од сопстевност, стекната преку удели по различни основи.

 

Операцијата за продажба ќе се врши преку Берза. Преку три последователни денови на тргување, почнувајќи од 11 април, државниот ПИОМ  преку Македонска Беза ќе  понуди на продажба на удели кои се помали од 50% во четири фирми. 

 

ПИОМ го продава уделот од 15% во фирмата “Младост ДОО“ од Демир Хисар, со почетна продажна цена на акција од 441 037 денари, или вкупна вредност на уделот од близу 28 000 евра, на листата е и продажба на 11,66% сопственост на ПИОМ во “Радио Свети Николе“ од Свети Николе со почетна цена од 9 825 денари по акција, со што вредноста на уделот изнесува 640 евра, потоа се продава уделот од 3,85% во скопската фирма “Македонијапатент“ проценет на 150 евра, со почетна продажна цена 2 225 денари и во прилепски “Димкол ОГП ДОО“, удел од 1,18%  со почетна цена за акција од 26 273 денари, односно удел за прдажба со вредност од 1 700 евра.

 

Ова не е прв пат ПИОМ да се ослободува од акционерска  сопственост во приватни компании. Аукции за праджба беа спроведени и на почетокот од февруари. Во февруарскиот оглас за продажба, ПИОМ ги понуди акциите во кумановската фабрика “ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД“, вкупен удел од 5,78% во вредност од 1,4 милиони евра.  Операциите за продажба на сопственост во приватни фирми се спроведуваат и во текот на минатите години. Така,  на крајот од 2015 година ПИОМ понуди на продажба обични и приоритетни акции во осум компании од различни градови и општини, Ресен, Охрид, Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Нов Дојран и Сопотница.

 

Исто така во 2014 година беше спроведена една од поопсежните операции за продажба на удели во 40 компании. Почетната цена се движеше од неколку десеттици илајди денари до над милион денари. Во тој период се анализираше дека државниот пензиски фонд се ослободува од капила во фирмите за да обезбеди пари за ликвидност на фондовската каса. Лани, поради изборите, беа замрзнати операции за продажба на државне капитал, а во 2016 година, според податоците,

 

 

Продажбите на удели на ПИОМ во фирмите значајно не ја менуваат состојбата со финасиската неодржливост на фонодт, чија зависоност од Буџетот расте од година во година, па така скоро половина од потребните финансии се обезбедуваат од централната власт.