Во нашата редакција пристигнуваат секакви жалби или пофалби за банките секојдневно, но ретко која ја објавувавме, но ова писмо од читател сметаме дека треба да го објавиме, бидејќи тангира еден значаен сегмент во експозитурите на банките низ Македонија. Имено на наш читател му смета бидејќи во една експозитура на УНИ Банка, лоцирана во Охрид, работат само жени. Дали се работи за случајност или генерален пристап на банката, не можеме да кажеме, но сепак, е симптоматично доколку сите вработени се 100% жени или мажи. Тука не е застапена рамноправноста.

Писмото го пренесуваме интегрално:

Здраво БанкоМетар.мк

Сакам да прашам зошто во експозитурата на Уни банка во Охрид работат само жени? Можете да одите и да проверите. Одам често и ми падна ова на памет. Дали не е дискриминација само жени да работат а да нема мажи во експозитурата? Вие како што ги водите овие работи можда знаете дали има правила или регулација околу ова… Бидејќи ако се само мажи, жените ќе бараат да се рамноправни, како во парламентот. Зошто да не се секаде рамноправни? 

Поздрав

Ф. Мојсоски

 

Редакцијата на БанкоМетар.мк се надева дека банката има некој логичен одговор на ова прашање од нивниот клиент? Ние како медиум немаме, но би биле среќни да го пренесеме одговорот.