На 11-ти мај во 9:30 часот на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ), ќе се одржи „Pitch Please”, проект за млади амбициозни луѓе, преку кој добиваат можност да се запознаат со предизвиците кои им следат во нивниот понатамошен професионален развој.

Организатори на овој настан се АИЕСЕК Скопје во соработка со Економскиот Факултет.

Целта на настанот, како што велат од АИЕСЕК, е да се создаде место каде ќе се сретнат очекувањата на студентите и барањата на работодавците.

 

 

 „Големата стапка на невработеност помеѓу младите во Македонија, неможноста да се продадат себеси и своите таленти пред работодавците е клучната причина поради која се роди идејата за овој настан. Базиран на Агендата за Одржлив Развој на Обединети Нации, АИЕСЕК активно се вклучува превземајќи иницијатива за стимулирање економски раст и стабилни работни места преку подобар “pitch” пред компаниите“, велат од АИЕСЕК .

Како што информираат, сесиите опфаќаат претставување на самите компании и нивната дејност, интеракција помеѓу студентите и компаниите во неформален амбиент. Потоа, следува споделување искуства од студенти, членови на АИЕСЕК, универзитетски професори како и стории за патот до успехот од врвни бизнис менаџери.

 

 

Размена на знаења, вмрежување на младите таленти со претставниците на бизнис секторот, како и добра дружба придружена со закуски и освежителни пијалоци“, најавуваат организаторите.

Цена на котизацијата ќе изнесува 290 денари во кои е вклучено и ваучер со 20% попуст за АИЕСЕК пракси низ цел свет.

Може да се аплицира на следниот ЛИНК.