Граѓаните  можат да исплаќаат или примаат пари во кеш во вредност до 2.000 евра. Сè што е над оваа сума ќе мора да помине преку банка или штедилница. Претходниот износ за плаќање во готовина беше 15.000 евра. Намалувањето на вредноста на плаќање во кеш за 13.000 евра е предвидено во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кој неодамна беше објавен во Службен весник и стапува во сила на 7 јули.

 

Од 1 јануари следната година, пак дополнитено се засилува контролата на плаќање. Според новото законско решение, износот за кој се забранува плаќања за стоки и услуги со готовина ќе се намали на 1.000 евра, додека од 1 јуни 2019 година тој износ ќе се намали дополнително на 500 евра во денарска противвредност.

Примената на оваа законска забрана, која се прави со цел да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира Управата за јавни приходи.

Забраната важи за физички и правни лица.