Mastercard започнува програма за одржлива картичка за да ги префрли издавачите на картички на позелени алтернативи како што се рециклирана, биоразградлива и океанска пластика.
Годишно се произведуваат околу шест милијарди платежни картички – повеќето од нив се изработени од не-биоразградлива пластика како што е ПВЦ (поливинил хлорид). Заменети на секои 3-4 години, овие картички заедно придонесуваат околу 5,7 милиони тони вишок пластика на депониите низ целиот свет.
Мастеркард го промовираше Партнерството за зелени плаќања (ГПП) во 2018 година за да и помогне на платната индустрија да го намали потпирањето на употребата на ПВЦ пластика во производството на картички.
– Нашата цел е едноставна: сакаме да им помогнеме на банките да им понудат на потрошувачите повеќе еколошки картички и ние преземаме конкретни чекори за да ја постигнеме таа промена, вели Ајај Бахала, претседател на Cyber & Intelligence, Mastercard. – На овој начин, им се носи полза на сите – подобро е за околината, подобро за деловно работење и ги задоволува потребите на потрошувачите.
Веќе, повеќе од 60 финансиски институции – вклучително и банки со повисок капитал, како што се ДБС, Сантандер и Кредит Агрикол, – ќе започнат со издавање картички со одобрени материјали.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк