НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот.
Твоите работни цели:
- Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги;
- Советување и подршка на клиентите при користење на услугите на Банката;
- Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси.
Твојот профил:
- Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
- Комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво.
Твој мотив да се придружиш на НЛБ тимот:
- Практична работа во времетраење од 3 до 6 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
- Позитивна организациска култура и меѓусебната доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;
- Mожност за практична работа на територијата на целата држава каде што Банката има експозитури.
Аплицирај со испраќање на CV на: [email protected], со назнака „Апликација за платена практикантска работа”, најдоцна до 01.11.2023 година.
НЛБ Банка те очекува!