Побарувачкашрта за сезонски работници во туризмот во Црна Гора и Хрватска е висока, а платите на повисоките позиции како готвачи/шефови се движат и до 3.000 евра.
Податоците покажуваат дека на Хрватска ќе и бидат потребни околу 65.000 сезонски работници во текот на претстојната сезона, која започнува на 1 април, а на Црна Гора ќе и бидат потребни околу 20.000.
Платите за високо специјализираните позиции за кои е потребно долгогодишно искуство и знаење се движат до 3.000 евра, додека платите за нешто пониски позиции, пример како за собарка, се движат околу 900 евра.
Повеќето луѓе се пријавуваат за позиции за кои не се потребни повисоки квалификации и многу знаење, односно аплицираат за позиции како собарки, рецепционери и слично.
Како интересен податок е дека на хрватското приморје се бараат и хотелски фотографи, на кои не им треба никакво претходно искуство, бидејќи работодавачот им нуди обука во траење од седум до десет дена, а месечно можат да заработат од 1.000 евра па нагоре, во зависност од тоа колку се трудат.
Добрите понуди од соседните земји во текот на сезоната привлекуваат голем број наши работници, па иако некои од нив се добро платени, летно време одат на јадранското крајбрежје, бидејќи заработката што ја добиваат таму е „чиста“ во смисла на тоа што работодавците им обезбедуваат и сместување и храна, па сите пари што ги заработуваат остануваат за нив.
Таму немаат дополнителни трошоци, па се враќаат дома со одредена сума на пари, што им е и целта.