Од јануари 2024 година платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо, објави Телевизија 24.
Со следното зголемување, функционерите ќе земаат до 400 евра повисоки плати.
Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот димитар ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари. Повисоки плати бараат вработените во повеќе сектори, но и пензионерите бараат повисоки пензии.