Со порастот на минималната сметам дека треба да растат и останатите плати, но не наеднаш затоа што тоа може да предизвика инфлаторен притисок, изјави премиерот Димитар Ковачевски и најави дека преку разговори со синдикатите ќе се направи напор да се изнајдат решенија. Според него, не е добро што веќе се организираат штрајкови како форма на притисоци.

„Сметам дека треба да се зголемуваат сите плати, меѓутоа тоа зголемување на платите треба да се прави низ методолошка рамка којашто нема да биде направена веднаш во еден момент затоа, што тоа може да предизвика дополнителен инфлаторен притисок од кој никој нема да има полза со оглед на тоа што зголемена инфлација само ќе ги изеде приходите коишто ги имаат работниците. Од таа причина и надлежните министри и вицепремиерот за економски прашања се во постојани разговори со сите синдикати коишто покриваат различни гранки од општеството“, рече премиерот во одговор на новинарско прашање.

Според него, по 2017 година најголемиот дел од платите се зголемени за повеќе од 20 проценти, а како што нагласи, во образованието рече беа зголемени кумулативно 21 процент во изминатите години..

„Не е добро за економско-социјалниот дијалог прво да се најави штрајк, а потоа под притисок да се доаѓа на разговори со Владата. И во такви услови Владата разговара нормално со сите претставници на синдикатите и јас сум сигурен дека на крајот на денот ќе изнајдеме решение коешто ќе биде на обострано задоволство и на работниците и секако на оние коишто ги плаќаат даноците за да се исплаќаат тие плати“, рече Ковачевски.

Тој информира дека ги замолил сите синдикати кои учествуваа во социјалниот дијалог, минималната плата да не биде причина за отпочнување на протести во однос на зголемувањето на платите.

„Зошто? Затоа што тоа се работниците коишто работат во фабрики, кои работат во услужни сектори, кои доминантно работат со 85 до 90 проценти од сите вкупно вработени на минимална плата во приватниот сектор. Тој приватен сектор ги плаќа платите на сите коишто работат во јавниот сектор. Јавниот сектор има 138 илјади вработени. Тие 138 илјади вработени ги примаат своите плати благодарение на придонесите, на даноците коишто ги плаќа приватниот сектор. И тоа не треба да биде причина да се врши притисок и да се прават протести“, истакна Ковачевски.

Според него, сите граѓани треба да имаат предвид во каква економска состојба се наоѓа светот, а со тоа и земјав