Наспроти позадината на сѐ уште високата инфлација и недостигот на работна сила, платите во Бугарија продолжуваат да растат со двоцифрена стапка, но се очекува растот да забави благо откако претходно достигна рекорди. Просечното бруто покачување се зголеми за нешто повеќе од 13 отсто во текот на минатата година и достигна 1.957 лева (1.000 евра) во вториот квартал од 2023 година, а во главниот град е значително поголем – 2.700 лева (1.400 евра), покажуваат податоците на националното статистичко биро.
Двигател на вкупниот пораст, како и во претходните периоди, останува бизнис секторот, каде што платите растат за 14 проценти, додека оние во јавниот сектор се движат малку побавно и растат за 10 отсто.
Во поголемиот дел од минатата година, растот на платите заостануваше зад оној на цените на производите за широка потрошувачка, што практично ја јадеше нивната куповна моќ. На крајот на 2022 година, сепак, трендот се промени. Според последните податоци, зголемувањето на платите сега ја надминува инфлацијата, која беше околу 10 олтсто во вториот квартал. Ова важи за повеќето сектори, но има исклучоци како рударство, јавна администрација, финансии, образование, каде што растот е помеѓу 6 и 10% и не успева да ги достигне цените. Лидери во однос на растот се енергетскиот, градежниот и транспортниот сектор.
Главната причина за континуираниот брз пораст на платите е притисокот да се надомести за зголемените трошоци за живот. Подеднакво важен фактор, сепак, е и прегревањето на пазарот на труд. Наспроти позадината на историски ниските нивоа на невработеност, компаниите од сите сектори го посочуваат недостигот од вработени како една од главните тешкотии со кои се соочува нивното работење, што ги наведува да понудат поконкурентна плата.