Во третиот квартал од оваа година платите во еврозоната се зголемени за 4,4 отсто на годишно ниво, забавувајќи се во однос на растот од 4,9 отсто во вториот квартал, објави Евростат.
„Вкупните трошоци за работна сила на час во еврозоната, вклучително и компонентите што не се на плата, се зголемија за 4,6 отсто на годишно ниво во третиот квартал“, се додава во соопштението.
Гледано по сектори, платите во индустријата се зголемени за 4,4 отсто на годишно ниво, во градежништвото за 4,6 отсто и во услугите за 4,3 отсто, но во сите споменати случаи годишниот раст е побавен отколку во вториот квартал.
Платите во Германија се зголемени за четири отсто на годишно ниво, забавувајќи се од 5,7 отсто во вториот квартал, како и приходите во Франција за 2,7 отсто, во споредба со 3,3 отсто во претходниот квартал.
За разлика од нив, побрз раст на платите е регистриран во Шпанија и Италија.
Платите во Шпанија се зголемија за 4,7 отсто на годишно ниво во третиот квартал, забрзувајќи од 3,9 отсто во вториот квартал, а платите во Италија се зголемија за 5,2 отсто, во однос на 4,2 отсто во вториот квартал.