Од недела по 10 парични награди секој ден, преку наградната игра МОЈДДВ, моја награда.

Но, најпрво граѓаните кои скенираат фискални, треба да ја апдејтираат апликацијата МОЈДДВ, потоа да го впишат пинкодот, па на екранот ќе се отвори прозорче на кое треба да се кликне „учествувам.“

Па така од недела, штом скенира фискална, корисникот веднаш ќе биде известен дали е добитник на награда од илјада, две или три илјади денари. Доколку не е –  фискалната сметка ќе добие свој сериски број кој ќе учествува во извлекувањето за месечните награди од по сто илјади денари. А, првото извлекување ќе биде на 4ти јануари догодина.

-Сите скенирани сметки од 15ти до 31ви декември учествуваат во извлекувањето на 4ти јануари. Сите сметки од 1ви од 31ви јануари припаѓаат во коло 2 и во март. Сите дати се објавени, вели Нина Ангеловска, министер за финансии.

Секој сериски број припаѓа на одредено коло и при главни награди прво добитно коло од 1 до 12 па потоа сериски број кој припаѓа на соодветно коло кое е добитник на 50 илјади евра.

Ќе има и две главни премии од по 3 милиони денари. Извлекувањето на месечните и главните награди ќе се одвива во живо во Државната лотарија.

-Во месечните извлекувања, ќе учествуваат сите валидни скенирани сметки од претходен календарски месец кои не биле добитни во претходниот месец. Извлекувања ќе се реализираат по електронски пат, со електронски генератор на случајни броеви а ќе се извлекуваат сериски броеви на фискалните сметки,изјави Камелија Левенска, директор за комуникации и маркетинг на Државна лотарија.

За наградната игра која ќе трае една година, одвоени се половина милион евра.

Инаку во тек е исплатата на повратот за граѓаните кои скенираат фискални. Досега 100 илјади граѓани ги добија своите пари на сметка, а исплатата се уште трае.