Годишната инфлација во Германија минатиов месец надмина пет проценти, за прв пат по околу 29 години, покажаа денес податоците на државниот завод за статистика, пренесува Политико. Тие се зголемија за 4,5 отсто во октомври.

Потрошувачките цени во Германија пораснале за 5,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, објави Дестатис во првата проценка.

Индексот на потрошувачки цени што се користи во ЕУ за да се овозможи споредување меѓу земјите покажува пораст на цените од 6,0 отсто во споредба со ноември минатата година.

Во споредба со октомври, потрошувачките цени во најголемата европска економија во ноември се зголемиле за 0,2 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Дестатис.