Американско-саудискиот 50-годишен договор за трговија со нафта во долари истече на почетокот на јуни, објави американскиот портал за финансиски вести Nasdaq.

Вашингтон и Ријад го склучија „договорот за петродолар“ на 8 јуни 1974 година, по нафтената криза и американското напуштање на „златниот стандард“, потсетува Насдак.

Саудиска Арабија потоа се обврза да продава нафта на странски пазари во долари и вишокот приход да го инвестира во американски државни обврзници. Од друга страна, САД и ветија на Саудиска Арабија воена поддршка и заштита, пишуваат аналитичарите на Nasdaq.

Договорот беше корисен и за саудиската и за американската страна, заклучува Nasdaq. САД обезбедија извор на нафта и пазар за својот долг, а Саудиска Арабија гаранција за економската и националната безбедност.

Во меѓувреме, САД се пробија во групата на водечки светски производители на нафта, пред се благодарение на бумот на производството на шкрилци, а Саудиска Арабија се обидува да го намали уделот на нафтата во домашната економија и да ја прошири својата база во сектори како туризмот и транспортот .

Денес, доларот има статус на водечка резервна валута во светот, со учество во девизните резерви од 58,4 отсто во 2023 година, се вели во неодамнешниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ).