МБИ10 индексот во текот на март покажа вистински знаци на опоравување и по достигнувањето на најниската точка се искачи на највисоката годишна забележана вредност од 2872,43 индексни поени.
Сепак, по достигнувањето на својот врв и враќање на вредноста на пазарната капитализација на 10-те најуспешни компании кои се котирани на Македонска берза, повторно се бележи пад МБИ10 индексот која падна под границата од 2830 индексни поени.
МБИ10 индексот е во црвено од 16 март годинава, односно во континуитет бележи опаѓање во текот на последните 7 дена, а сега достигна вредност од 2823,81 индексни поени.
Вкупната пазарна капитализација изнесува 88,045 милијарди денари, а коефициентот на добивка е 11,25 поени.