Дирекцијата за тeхнолошко индустриски развојни зони неколку дена пред крајот на годината склучи договор за изградба на градинки, амбуланти, објекти за времено сместување, складишта и паркинзи во ТИРЗ-овите во Скопје, Штип и Битола на вкупна површина од 31.000 метри квадратни.
Градинките ќе бидат државни, под капата на Министерството за труд и социјала, од отворен тип, но првенствено наменети за децата на вработените во зоните. Амбуланта засега има само во штипската зона, вели директорот Јован Деспотовски, и додава дека на овој начин се овозможуваат современи услови за работа во ТРЗО-вите.
ЦЕЛТА Е ВО РАМКИ НА ЕДНА ЗОНА ДА СЕ ПРУЖАТ СИТЕ УСЛУГИ, ДА МОЖЕ ДА ФУНКЦИОНИРААТ БИЗНИСИТЕ. ПРЕКУ ЕДЕН ВАКОВ ПРОЕКТ НЕ САМО ДА ЈА ЗГОЛЕМИМЕ АТРАКТИВНОСТА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ, ТУКУ ДА ИМ ОВОЗМОЖИМЕ НА МЛАДИТЕ ПОСОВРЕМЕНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА. ДА ИМААТ ВО БЛИЗНИНА ГРАДИНКА, ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И СЀ ОНА ШТО ИМ ТРЕБА, ВЕЛИ ДЕСПОТОВСКИ.
За складиштата државата ќе наплаќа соодветен надомест, а комерицијални ќе бидат и објектите за времено сместување на работници кои ги градат објектите или инсталираат опрема. Инвестицијата а околу 25 милион евра, а за цена од околу 770 евра по квадрат, објектите ќе ги гради компанијата Стентон градба, а како што е наведено во јавната набавка е избрана по критериумот најдобар однос меѓу цената и квалитетот.
Деспотовски вели дека проектот бил дел од програмата за работа на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони за 2023 и не се согласува со критиките дека станува збор за предизборна активност.
ДА ИМАМ МАНДАТ ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ И ДА СУМ ВО ДЕСЕТТАТА ГОДИНА ДА ДОЈДЕ НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ ДЕКА ОВА ГО ПРАВАМ ПРЕД ИЗБОРИ, ЌЕ РАЗБЕРАМ. МЕНЕ МИ Е ТРЕТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ. НЕМАМ КОГА ДА ГИ СПРОВЕДАМ СИТЕ РАБОТИ И ДА НЕ ВЛЕЗАМ ВО ИЗБОРЕН ПРОЦЕС, ИНСИСТИРА ДЕСПОТОВСКИ.
За амбулантите, градинките и објектите за времено сместување Стентон градба, според договорот има рок за изградба од 280 дена по добиеното одобрени за градба и воведувањето во работа, додека за складиштата и придружите објекти рокот е 150 дена.