Од вечерва по полноќ за 2,5 денари за литар ќе се намали цената на дизел горивото и на нафтата за домаќинствата, а се намалува и цената на мазутот. Цената на бензините не се менува.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,5 денари по литар, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, одлучи денска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на дизел горивото ќе изнесува 78 денари за литар, а на нафтата за домаќинствата 77,50 денари за литар.
Поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,743 денари.