Зголемување на бројот српски туристи, се очекувањата од македонското учеството на 43. меѓународен саем за туризам што се одржа во Белград минатата недела.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), од посетата произлезе и конкретна соработка, а тоа е симболиката на мостот на Иво Андриќ.
Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски и и в.д. амбасадорот на Северна Македонија во Србија, Михаела Веселинов се сретнаа со министерот за туризам на Република Бугарија и амбасадорот на Бугарија во Србија. Притоа, се потенцираше потребата од сезонска линија Софија-Охрид, од зголемување на соработката во делот на реализација на информативни патувања на новинари, блогери и инфлуенсери за промовирање на туристичките потенцијали, како и од зголемување на промоцијата и привлекување повеќе туристи во 2022 година од двете дестинации.
Јаневски оствари средба и со директорката на Нацинална туристичка организација на Србија, Марија Лабовиќ. Соговорниците потенцираа дека е зголемен бројот на српски и македонски туристи помеѓу двете држави во ова време на криза. Зголемениот проток на туристи меѓу двете земји, оценија, може да ја воочи потребата од враќање на конекцијата Белград – Охрид – Белград. сезонска авиолинија која во минатото многу добро функционирала. Јаневски и Лабовиќ, според АППТ, договорија и реализација на две информативни патувања во април и мај, едно во Србија со посета на еминентни туристички новинари од нашата земја и друго за промоција на Охрид и останати туристички региони со посета на српски туристички блогери.
Јаневски оствари средби и со повеќе европски фондации за вклучување на земјава во културни тури, како што се римските патишта кои би значеле повеќе туристи во регионите кои нудат сегментирани туристички понуди.
-Разговорот на директорот Јаневски и амбасадорот на Република Чешка во Белград, Томаш Кучта се водеше во насока на реализација на проекти за велосипедски тури за чешки туристи во РС Македонија. Со директорката за развојните политики во туризмот, Александра Гардашевиќ Славуљица при Министерството за економија на Црна Гора се разменија мислења за активности поврзани со заздравување на туризмот од кризата и искористување на потенцијалите кои веќе им се достапни на државите, информира АППТ.
Јаневски на состанокот со Роберто Радиќ, маркетинг директор на интернационалната саемска манифестација Place2Go кој се одржува во Хрватска, разговараше за иден настап на АППТ на овој традиционален туристички пазар.
Агенцијата за туризам и нејзините претставници остварија состаноци и со национални туристички организации на Белград, Ниш и Нови Сад. На состаноците се разговараше за искористување на „Отворен Балкан” за што поголема туристичка размена на патувачи.
-Македонско-српското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат и врз зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу РС Македонија и Србија. За поздравување е и потпишувањето Меморандум за соработка помеѓу Дојран и Вишеград. Белград беше мост за соработка помеѓу две општини од Босна и Херцеговина и РС Македонија. Овој чин беше поздравен од угледниот адвокат Тома Фила, кандидат за градоначалник на Белград, во кој Македонците ја препознаваат симболиката на мостот на Иво Андриќ помеѓу Србија и РС Македонија, наведува АППТ.
Српските туристи, освен Охрид, го посетуваат и винскиот регион во земјава, вели директорот на АППТ Јаневски. Нивен таргет е и гастрономијата. Зголемени се посетите на Демир Капија, Гевгелија и Дојран, на зимските центри и на главниот град од страна на српските туристи, вели Јаневски.