Глобалната побарувачка за бакар може да се зголеми за 72 отсто до 2050 година благодарение на развојот на вештачката интелигенција, покажа истражувањето на рударскиот гигант BHP.
Клучните двигатели на растот на цената на бакарот во иднина ќе бидат растот во земјите во развој, енергетската транзиција и центрите за податоци, според гореспоменатата австралиска компанија.

Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и се користи во системите за ладење и процесорите во центрите за податоци, објави Financial Times.