Швајцарската компанија Џи Сол, која под наем го стопанисува кавадаречки Фени, ќе ги откупи побарувањата на комерцијална и Стопанска банка, во висина од близу 40 милиони евра. Со тоа, Џи Сол е на пат да стане доминантен сопственик на комбинатот..

 

 

Двете банки кои се најголеми доверители во Фени вчера информираа дека до нив стигнале повеќе понуди, од кои две биле сериозни – на Џи Сол и на бугарски Минстрој. Откако ги оцениле, решиле да ја прифатат онаа на швајцарскиот фонд кој веќе произведува никел во комбинатот.

 

Роковите, условите за исплата на побарувањата и посветеноста на Џи Сол кон Фени биле одлучувачки фактор за банките. Целосната реализација на договорот за откуп се очекува да се случи до крајот на овој месец. Минатата недела, неколку други доверители ги блокираа влезовите на фабриката барајќи од стечајниот управник исплата на стечајните побарувања. Фени е веќе четврти месец во стечај.