Растот на азиските економии годинава ќе биде побрз отколку што претходно се прогнозираше. Но трговските тензии со САД претставуваат голем ризик, објави Азиската развојна банка во ажурираниот извештај за состојбата на економијата во тој регион.
Банката очекува годинава стапка на економски раст од 6,0 отсто во Азија, што е малку над претходната прогноза од 5,9 проценти.