Во Службен весник официјално се објавени новите законски решенија со кои се зголемува минималната плата на нето износ од 14.500 денари и за субвенциите за придонеси за работодавачите кои ќе ги зголемат платите на вработените од 600 до 6.000 денари.
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 14 ноември 2019 година. Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија.
Исто така Се прогласува Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 14 ноември 2019 година. Со овој закон се уредува висината и условите за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.
За спроведување на овие решенија пресметани се ставки во Предлог буџетот за 2020 година кој е во собраниска процедура.