Почна злоупотребата на исплатата на К-15 во реалниот сектор, алармира Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Само во текот на вчерашниот ден работници од пет големи компании со над 2.000 вработени пријавиле дека нивните работодавци сакаат да го заобиколат законот, пријавувајќи дека работат со загуба.

На тој начин на сметките на работниците да им се исплати регрес за годишен одмор од 2.000, 500 или 100 денари. За несиплатен регрес за годишен одмор има казни, кои се минимални,  но потребно е Управата за јавни приходи треба да прави контроли во завршните сметки на фирмите кои пријавиле загуба.

Инаку во тек е исплатата на регресот за годишен одмор и во реалниот сектор и во администрацијата. Работниците во приватните компании ги следува К-15 од 16.800, а во администрација 11.000 денари.