Финскиот премиер Сана Марин, моментно една од најмладите шефови на влади во светот, во новогодишна порака им порача на граѓаните дека силата на Финска лежи во „нејзините жители и нивните знаења“, истакнувајќи дека образованието игра клучна улога во успехот на оваа скандинавска земја.
Таа потсети дека одлуките на Владата, кои стапија во сила на 1 јануари, ги зголемија приходите за околу 70 проценти од Финците.
„Силата на општеството и државата не се мери со богатството на нејзините најбогати членови, туку со тоа колку добро ранливите се во состојба да се справат со предизвиците и проблемите“, рече Марин.
Таа исто така истакна дека е многу важно државата да обезбеди услови секој граѓанин да живее со достоинство и квалитет.
„Затоа секогаш треба да се запрашаме во нашата работа дали сите во општеството имаат можност да водат достоинствен живот“, додаде 34-годишниот фински премиер.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк