Бугарската Комисија за финансиски надзор (КФН) информираше дека донела одлука за покренување постапка за присилна ликвидација на осигурителот „Еуроамерикан“. Според наводите од одлуката, „Гарантниот фонд е назначен за ликвидатор на осигурителот со одземена лиценца”.
КФН му ја одзеде лиценцата на „Еуроамерикан“ на 17.12.2019 година. Откако Врховниот суд ја одби жалбата на осигурителот против оваа одлука, регулаторот на осигурителниот пазар доби „зелено светло“ да продолжи со ликвидација на друштвото за осигурување.
„Еуроамерикан“ е бугарска осигурителна компанија активна на пазарот за неживотно осигурување, основана во 2004 година. Во 2018 година, последната година од работењето пред одземањето на лиценцата, компанијата беше на 25-то место во земјата според БППП.