Сточарите кои го предале млекото од мај до септември 2019 година за да ги добијат субвенциите барањата треба да достават најдоцна до 5-ти ноември.
Финансиската поддршка изнесува 4,5 денари за литар овчо и козјо и 3,5 денари за кравјо млеко.
Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2019 година.
Висината на поддршката е 4,5 денари за овчото и козјото и 3,5 денари за кравјото млеко.
Барањата се поднесуваат електронски најдоцна до 5-ти ноември на веб страницата на платежната агенција или со помош од подрачните единици на Министерството за земјоделство и од советодавната агенција. Досега за предаденото млеко од предходните фази на сметките на млекопроизводителите се исплатени вкупно 153,4 милиони денари .
До 5-ти ноември истекува и за поднесување на барањата за финансиска поддршка во живинарството за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети, исто така од мај до септември годинава.
Висината на поддршката е 125 денари , а барањата се поднесуваат во Платежната агенција.