Од 1 јули започнува проектот за поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност на граѓаните, кој ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.
Со проектот, право на поврат на ДДВ ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка, а просечно четири члено семејство има можност преку повратот на дел од ДДВ да оствари дополнителен приход до 28.800 денари годишно.
Тоа е плата плус во секое семејство на крајот од годината.
Со реализација на оваа мерка, околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните.
Истовремено оваа мерка директно влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да бараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.
Укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа на струјата, мерките за раст на минималната и на просечната плата, зголемувањето социјалната помош за речиси 300 отсто, намалувања на трошоците, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.
Зборот важи. Како одговорна и државотворна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.