ХалкБанк, традиционално месец октомври го посвети на подигнување на свеста за важноста од
штедењето со посебен фокус на децата. На 31ви октомври, во ЗОО Скопје, под мотото „Штедиме
за сите наши желби“ банката приредува настан преку кој ќе им овозможи на основците од ООУ
”Коле Неделковски” и ООУ ”Христијан Тодоровски Карпош” и на децата од предучилишна возраст
од градинките ”Распеана Младост” и ”Орце Николов” да го откријат значењето од штедењето уште
од најрана возраст.
На настанот, преку интерактивни игри децата ќе бидат поттикнувани да бидат креативни во
изразувањето, односно на сликовит начин да претстават за која цел би започнале со штедење.
Водителот Марко Новески ќе ги води низ детскиот свет на штедењето, познатата маскота Халки ќе
им асистира при внесувањето на желбите на големата ХалкБанк табла, а посетителите ќе се
забавуваат на музика и за своите креативни желби ќе добиваат вредни подароци.