Исполнете ги желбите на Вашите најблиски со совршен подарок.

Со подарок-картичките за Skopje City Mall во вредност од 1.000, 3.000 и 5.000 денари, нема никогаш да погрешите.

Совршен подарок

Најновите подарок-картички на Комерцијална банка АД Скопје и Skopje City Mall се идеален начин да ги изненадите најблиските со совршен подарок кој не може да разочара. Покажете ја Вашата грижа со подарок кој тие самите ќе можат да го одберат во омилениот трговски центар Skopje City Mall.

Со износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари и можноста да бидат искористени во повеќе продажните места во Skopje City Mall, картичките се одличен и практичен подарок за роденден, венчавка, Нова година или кој било друг повод. Најмодерна облека, обувки, козметика… оставете го изборот на оној што најдобро знае.

Со привлечен дизајн на картичката, прекрасно пакување и можност за уникатна посвета, Вашиот подарок никогаш нема да разочара и ќе ги освои срцата на Вашите сакани.

Користење на картичките

Подарок-картичките се добиваат и се користат наједноставно.

Се што треба да направите е да ја посетите најблиската експозитура или филијала на Комерцијална банка АД Скопје и да го одберете износот кој сакате да го подарите – 1.000, 3.000 или 5.000 денари. Картичките се добиваат веднаш и без пополнување формулари.

Подарок-картичката не е пресонализирана, односно на неа нема име и презиме и може да се користи од лицето што ја поседува.

Износот на картичката може да се искористи во продажните места во трговскиот центар Skopje City Mall кои се дел од оваа програма, во период од 6 (шест) месеци од нејзината набавка. Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-сајтот на Комерцијална банка АД Скопје на следниот линк. Состојбата на картичката може да се провери и на шалтерите на Банката.