Поголема поддршка на младите од државата за нивно задржување во руралните средини оти ќе нема кој да произведува храна. Ова е апелот кој го упатија учесниците од Агро саемот во Струмица. Речиси сите кажаа дека им фали работна рака и нема кој да ги наследи…
Поголема поддршка на младите и нивно задржување во селата. Ова е апелот на Владанка Ристиќ од Тимјаник која обработува винова лоза на Агросаемот во Струмица беше избрана за жена фармер.
И останатите учесници на саемот во Струмица како приоритет ја посочија работната сила оти по нивите и фармите нема млади работници.
На годинашниот саем учествуваа 100 фармери од цела држава кои го изложија своето производство.
Агросаемот во Струмица беше поддржан од Општина Струмица и Министерството за земјоделство.