Музиката како уживање за публиката и како страст на младите музички таленти е тоа што го прави Гитарскиот фестивал во Крушево вистински музички спектакл и кој Комерцијална банка со задоволство го поддржува оваа година.
Како докажан поддржувач на музичката култура во земјава и особено на создавањето нови талентирани музичари, Комерцијална банка обезбеди поддршка за 15-то јубилејно издание на Гитарскиот фестивал, во организација на друштвото за култура и уметност АРТ-КУЛ Крушево.
Овој музички настан ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни со богата музичка програма од целовечерни концерти, а ќе се организира и Школа за гитара за млади таленти во чест на нејзиниот основоположник Христо Христовски – Мулар.
Банката е горда на секој свој придонес за негување на музичкото творештво во земјава, особено кога тоа значи и продолжување на делото на врвни уметници, како што е почитуваниот Христо Христовски – Мулар.