Поврзување на креаторите на политики, националните и локалните власти, финансиските институции, деловни здруженија, компаниите, како и други клучни чинители да дискутираат за креирање и спроведување на поефективни политики за енергетска ефикасност за компаниите во Македонија. Со ваква цел, Центарот за климатски промени денеска одржува конференција…
Замена на горивата, подобрување на управувањето со енергијата, менување на навиките на вработените во производните погони се дел од мерките до поголема енергетска ефикасност на компаниите, според Центарот за климатски промени. Сè уште голем број компании користат фосилни горива, кои се помалку енергетски ефикасни, а повеќе загадуваат.
Иако во последните 20 години има значаен пресврт и подигната е свесноста во прилог на искористувањето на обновливите извори на енергија, сè уште далеку сме во подобрување на енергетската ефикасност-вели професорот Ристо Филковски.
Заменувањето на мазутот со природен е гас е одлична мерка за подобрување на енергетската ефикасност и за зачувување на животната средина, додава Филковски.