На 26 септември 2018 година (среда), во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 30. сесија на Клубот на истражувачите.

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 5 септември 2018 година (среда).

 

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачи, можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: [email protected].

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на веб-страницата на НБРМ  www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.