На 21 март 2019 година (четврток), во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 32. сесија на Клубот на истражувачите.
Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 27 февруари 2018 година (среда).
Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите, можат да го најават своето присуство најдоцна до 20 март 2019 година (среда) на е-адресата: [email protected].
Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на НБРМ www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.