Со последните измени на законот за имиграција на квалификувани работници кои стапија на сила од ноември на работниците кои немаат понуда за работа им се овозможува да престојуваат во земјата една година додека бараат работа со полно работно време, а во меѓувреме ќе можат да работат до 20 часа неделно. Нашите работодавачи кои веќе се соочуваат со недостиг на работна сила стравуваат дека со олеснување на условите за работа и иселување на квалификуваните работници дополнително ќе се испразни државата и ќе се продлабочи проблемот.
На висококвалификуваните работници од Македонија и другите земји надвор од ЕУ им се олеснува патот за влез во Германија. Со последните измени на законот за имиграција на квалификувани работници кои стапија на сила од ноември на работниците кои немаат понуда за работа им се овозможува да престојуваат во земјата една година додека бараат работа со полно работно време, а во меѓувреме ќе можат да работат до 20 часа неделно. Нашите работодавачи кои веќе се соочуваат со недостиг на работна сила стравуваат дека со олеснување на условите за работа и иселување ќе се испразни државата и ќе се продлабочи проблемот.
– Олеснување на условите за иселување на квалификуваните работници во Германија дополнително ќе ја испразни државата и ќе го зголеми проблемот со недостиг на работна сила. Голем дел од работниците ќе заминат од државата не само поради повисоките плати, туку и поради подобрите услови за живот. Ние имаме две варијанти ништо да не правиме и економијата да ни доживее колапс или и ние да ги олесниме процедурите за вработување на странци, вели за весникот ВЕЧЕР, Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија.
Според него, за да се зголеми бројот на странски работници во државата потребно е да се олеснат процедурите во нашите дипломатско-конзуларни претставништва и да се зголемат квотите за вработување на странци.
Зоран Кочоски, генерален менаџер и сопственик на „Коузон“, вели дека трендот на заминување од Македонија продолжува не само поради платите, туку и поради незадоволството од целокупната ситуација во државата.
– Трендот на заминување на младите од Македонија ќе продолжи и во наредните години не само поради платите, туку и поради незадоволството од целокупната ситуација во државата. И покрај тоа што и во Германија и во другите европски земји има висока инфлација и платите веќе не се толку високи, но системот функционира. Во Германија 2.000 евра веќе не е толку голема плата ако се има во предвид дека треба да се плати кирија за стан, режиски трошоци, храна…Овој тренд ќе забави во 2025 година, бидејќи платите во Европа веќе нема да може да го следат зголемувањето на животните трошоци, изјави за весникот ВЕЧЕР Кочовски.
Според него, европските држави го гледаат остатокот од Балканот како потенцијална база за работници од две причини. Прво, законската регулатива е благо наклонета кон балканските држави и брзо се добива статус на престој и работна дозвола. Вториот момент е задоволството од претходно интегрираната работна сила од балканските држави во кои влегува и Македонија.
Новите измени за работа и иселување во Германија ќе им овозможи на квалификуваните работници без диплома за високо образование, туку само со професионално искуство. Второ, Германија ќе стане поотворена за работно искуство и професионални квалификации кои се признати во матичните земји на работниците. Трето, на оние кои немаат понуда за работа полесно ќе бараат работа во Германија. На квалификуваните баратели на работа со дипломи или професионални сертификати ќе им биде дозволено да престојуваат во земјата една година додека бараат работа. Додека бараат работа со полно работно време, ќе им биде дозволено да работат до 20 часа неделно.
Германија особено бара квалификувани занаетчии, електроинженери, ИТ-специјалисти, старатели, медицински сестри, угостители. Потоа следуваат складирање, даватели на услуги и производство – особено во секторите за храна, опрема за обработка на податоци, машини и производство на метали.
ИТ професионалците иако немаат универзитетска диплома со работно искуство ќе добијат сини карти на ЕУ кои ќе им го олеснат влезот во Германија.